Играчот од средниот ред на Данска, Томас Дилејни ќе го пропушти остатокот од Светското првенство поради повреда.
Фудбалерот на Севиља го повреди коленото на натпреварот од првото коло против Тунис и мораше предвреме да го напушти теренот. Деталните испитувања покажале дека повредата е сериозна.
Според првите информации, Дилејни ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.
Ова е голем хендикеп за Данска која ремизираше против Тунис, а веќе во сабота ги очекува дуел против актуелните светски прваци Французите. Последен ривал во групната фаза ќе им биде Австралија.