Top Sport

Тијаго Силва: Селекторот на Србија не покажа премногу почит кон нас

Бразил синоќа ја надигра Србија во првиот натпревар на Светското првенство, а победи со 2:0 благодарение на головите на ѕвездата на Тотенхем, Ришарлисон. По натпреварот изјава даде искусниот Тијаго Силва, кого особено го повредиле, но и мотивирале, зборовите на српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси.

Тој пред натпреварот изјави: „Дали навистина ќе играат со четворица напаѓачи?“

Капитенот на Бразил вели дека одбраната е силна, без разлика колку е офанзивен нивниот тим.

„Секогаш сме среќни кога победуваме, 1:0, 2:0. Не сакам многу да зборувам, да се расправаме, но нивниот селектор рече: „Ќе играат со четворица напаѓачи, ќе има ли некој позади?“ Ова е недостаток на почит, не бараме никој да се плаши од нас, туку малку повеќе почит. Ако го проучувате нашиот тим, ќе видите дека примивме малку голови, без разлика дали игравме со тројца или со четворица напаѓачи. Денеска, во дигитално време, многу лесно е тоа да го прочитате пред мечот и да се мотивирате дополнително“, изјави стоперот на Бразил.

Scroll to Top