Англиските медиуми се уверени дека нивниот капитен, Хери Кејн, ги провоцира ФИФА со неговиот супер-скап и редок „Ролекс“ часовник во боите на виножитото, откако практично на Англичаните и на другите западноевропски репрезентации им беше забрането да носат капитенски ленти со „OneLove“ порака.
Англија, Велс, Швајцарија, Германија, Данска и Холандија планираа да носат капитенски ленти во боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ правата во Катар, каде што хомосексуалноста е забранета и се казнува со затворска казна, но ФИФА се закани дека ќе добиваат жолт картон на стартот на мечевите додека ги носат овие ленти, и промовираше сопствена кампања против дискриминацијата.
Англискиот капитен, наводно, одговорил со „Daytona Rainbo 1116595RBOW“, часовник вреден 535.000 фунти, со 18-каратно злато, 36 сафири, 56 дијаманти и 11 обоени сафири.