Top Sport

Роналдо ќе одмори на дуелот на Португалците против Јужна Кореја?

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо најверојатно нема да игра на натпреварот против Јужна Кореја во третото коло од групната фаза на Светското првенство. Селекторот Фернандо Сантош сака да одмори дел од првотимците и да ги сочува свежи за нокаут фазата.

Португалските медиуми најавуваат дека Рафаел Леао, Гонзало Рамос и Матеус Нуњез сигурно ќе стартуваат на утрешниот меч против Јужна Кореја.

Роналдо не учествуваше на последниот тренинг на Португалија пред последниот меч од од групата Х. Селекторот Фернандо Сантош нема да може да смета и на Отавио, Данило Переира и Нуно Мендеш поради повреди.

Scroll to Top