Променливата и нестабилна форма на Хери Мегваер долго време е тема на разговор кај навивачите на Манчестер јунајтед, но сега неговото име стана синоним за направени грешки со неверојатната дискусија во парламентот на Гана.
Јунајтед го купиј Мегваер за 80 милиони фунти од Лестер во 2019 правејќи го најскапиот дефанзивец во историјата, и сега тој факт беше извлечен во дискусијата за буџетот за 2023 година во африканската земја. Пратеникот Исак Адонго го обвини потпретседтелот Махамуду Бавумија за лошта состојба во економијата на Гана, споредувајќи го токму со Мегваер.
„Има играч како вас во Обединетото Кралство, во Англија, кој се вика Хери Мегваер и игра за Манчестер јунајтед. Хери Мегваер. Тој е дефанзивец. Оди со стартови, го фрла своето тело како да е најдобар дефанзивец на светот. Манчестер јунајтед го купија. Стана најголем тренд во центарот на одбраната на Јунајтед и почна да им асистира на ривалите. Во оваа земја, имаме економски Мегваер. Истиот економски Мегваер даваше лекции на универзитетот како да се врати вредноста на градот. Зошто му дадовме на овој Мегваер да биде во центарот на нашата одбрана? Тој стана некој кој си дава автоголови“, вели пратеникот.
Why’s Harry Maguire being discussed at the parliament in Ghana 😭😭pic.twitter.com/zytwEmbr6J
— jαck (@UtdOptimist) December 1, 2022