Top Sport

Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот на Рашфорд

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед размислува да ја продолжи соработката со напаѓачот Маркус Рашфорд.

Според „Дејли Мирор“, клубит ќе ја активира клаузулата која стои во договорот на Рашфорд. Јунајтед има опција автоматски да го продолжи договоорт за уште една година.

Во тој случај, тој ќе биде спречен да преговара со потенцијален нов клуб бидејќи неговиот актуелен договор истекува во летото 2023 година.

Рашфорд на 19 натпревари оваа сезона постигна осум гола и забележа три асистенции. Англија се пласираше во осминафиналето на Мундијалот, а тој постигна три гола.

 

Scroll to Top