Top Sport

Швајни: Само Ридигер е дефанзивна класа, останатите не се играчи за ова ниво

Германија доживеа уште едно мундијалско фијаско. Слично како и на минатото СП во Русија, селекцијата на четирикратниот светски првак не успеа да ја мине првата фаза. Сензационалната победа на Јапонија над Шпанија (2:1) ги елиминираше Германците од СП.

Јавноста е шокирана и разочарана, поради што само се редат критиките до селекторот Ханси Флик и неговите избраници.

Бастијан Швајнштајгер кој беше дел од шампионската генерација која во 2014 година ја освои светската титула, Мундијалот во Катар го работи како стручен коментатор.

Популарниот Швајни проблемот на Германија го лоцираше во дефанзивната линија. Според него Германија во тој дел од тимот не поседува вистински квалитет.

„Во одбраната имаме само еден дефанзивец со највисок квалитет, тоа е Тони Рудигер. Останатите се на пристојно ниво за Бундеслигата“, изјави Швајншајгер.

Флик на СП, во одбраната, покрај Ридигер најчесто ги користеше Зуле, кој трпи најмногу критики, односно Шлотенберг и Раум.

Scroll to Top