Пари Сен Жермен се наоѓа на првото место во француската лига откао испушти само четири бода во досегашниот тек од сезоната. Клупската сезона е паузирана, а фокусот е кон Светското првенство во Катар.
Парижаните имаат еден од тимовите со најголеми ѕвезди во светскиот фудбал и постојано го надополнуваат за да се осигураат дека ќе останат на потребното ниво. Сепак, се чини дека нема да прават трансфери во јануари. Претседателот Насер Ал-Келаифи ја отфрли можноста за нови засилувања.
„Ќе видиме, но мислам дека нема да купуваме нови имиеа. Никој не ни треба. Мораме да го задржиме истиот кадар. Мислам дека најдовме одличен колективен дух и дека сме добри во моментот“, изјави Ал-Келаифи.