Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Мадрид. Тој одигра одличен меч и по жестока борба го победи Сидан Понтјодкримо од Холандија со 2:1 во сетови во полуфиналната битка во Мадрид.
Калин Ивановски го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа падна и загуби со 1:6 во вториот тест.
Сепак, успеа повторно да го подигне нивото на својата игра и го доби третиот, решавачки, сет во 7:5 во гемови.
Во финалето, Калин Ивановски ќе се сретне со Британецот Марк Вајтхаус.