Top Sport

Просинечки ќе биде тренер на Нови Пазар?

Додека сите се фокусирани на Светското првенство во Катар, интересна информација доаѓа од Суперлигата на Србија. Легендарниот фудбалер на Црвена звезда и поранешен тренер на српскиот шампион Роберт Просинечки наскоро би можел да се врати во Србија и да го преземе тимот на Нови Пазар.

Според информациите, клубот имал првични разговори со хрватскиот стручњак, кој за неколку дена ќе донесе конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, кога ќе ги одмери и останатите понуди на маса.

Просинечки во текот на кариерата седеше на клупата на Црвена звезда, Кајзериспор, Денизлиспор и Олимпија Љубљана. Беше селектор и на Азербејџан и на Босна и Херцеговина.

Scroll to Top