Top Sport

Милик: Ќе ни треба скутер за да го стигнеме Мбапе

Репрезентациите на Полска и Франција ќе се сретнат утре од 16 часот во осминафиналето на Светското првенство.

Актуелниот светски првак Франција остави многу добар впечаток во групната фаза и со две победи над Австралија и над Данска го освои првото место во групата Д, така што во последното коло против Тунис селекторот Дешамп им даде шанса на резервите, па „триколорите“ загубија со 1:0.

Полјаците ја минаа групата поради подобра гол – разлика во однос на Мексико. Двете селекции имаа по четири бода, но Полска го зазеде второто место во групата Ц зад Аргентина.

Французите се големи фаворити во осминафиналето, а еден од најдобрите полски играчи, напаѓачот Аркадиуш Милик, смета дека Килијан Мбапе ќе биде најголемата закана за неговиот тим на неделниот натпревар.

„Како да се браните од него? Мораме да бидеме брзи и да имаме скутер за да можеме да го фатиме. Многу е тешко да се одбраниш од него во директен дуел еден на еден. Тој е еден од Најдобрите играчи во светот. Ќе мора да реагираме како група и да најдеме колективни решенија“, рече Милик.

Scroll to Top