Шкендија успеа триумфално да го заокружи гостувањето во Ѓорче Петров и дуелот со Македонија ЃП во 17.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Ќатип Османи славеше со 1:3, а двоен стрелец беше Љупчо Дориев. Имаше поддршка и од капитенот Ферхан Хасани кој го постигна вториот гол за Шкендија.
Тетовскиот тим продолжува со потерата по лидерот Струга Трим Лум кој и во ова коло оствари триумф (1:0) против Академија Пандев.
Фото: Игор Паневски