Top Sport

Рекордерот Жиру го урна полскиот бункер

Франција 45 минути ја делат од пласман во четвртфиналето на СП во Катар. Актуелните шампиони, со голот на Оливие Жиру во 43.минута, по првиот дел имаат минимална предност против Полска.

Французите доминираа од стратот на деулот, Полјаците слично како и против Аргентина, се насочија кон одбраната на својот гол.

Отако Франција пропушти неколку добри шанси, Полска во 39.минута, за само неколку секунди не искористи две идеални шанси. Љорис го одбрани ударот на Зјелински, а потоа Варан го спаси својот тим на гол-линијата.

Во 43.минута, Франција ја проби полската одбрана. Жиру го постигна голот со кој влезе во историјата на францускиот фудбал, како најдобар стрелец. Голот против Полска е 52. во кариерата на Жиру.

Scroll to Top