Англија го направи првиот чекор кон пласманот во четвртфиналето на СП во Катар. Англичаните во четвртото осминафинале на Мундијалот, водат по 45 минути игра против Сенегал со 2:0.
Шампионите на Африка го контролираа натпреварот до 35 минута, во 32. Пикфорд успеа да го одбрани ударот на Дија.
Во 38.минута, Англичаните, кои до тој момент ништо не покажаа, изведоа добра комбинација, Белингем асистираше, а Хендеросн го совлада Менди.
Од тој момент Сенегалците зачестија со грешките, неколку пати панично реагираа, а аматерската грешка во третата минута од судиското надополнување на времето, отвори контранапад кој со гол го заврши Кејн.