Јапонија и Хрватска се соочуваат во петтото осминафинале на Светското првенство во Катар. Натпреварот започнува во 16 часот на стадионот „Ал Жануб“ во Ал Вакра.
Јапонија успеа да се квалификува во осминафиналето по изненадувачката победа против Шпанија. Сините „самураи“ имаат неколку талентирани играчи, но малкумина очекуваа дека ќе ја надминат Германија за едно од првите две места во групата Е.
За азискиот тим казнет е Ко Итакура, но други проблеми нема за селекторот Хаџим Моријасу.
Хрватскиот селектор Златко Далиќ ќе мора да го состави тимот без левиот бек Борна Соса. Фудбалерот на Штутгарт е во одлична форма и неговото отсуство секако ќе влијае на играта на „коцкестите“.
Хрватска продолжи во нокаут фазата по двете ремија без голови против Мароко и Белгија и победата над Канада. Тимот заврши на второто место во групата, играјќи многу тензичен и изедначен дуел против бронзените медалисти од Русија 2018, Белгија. По конечните 0:0, „црвените ѓаволи“ беа испратени директно дома, а Хрватите ќе играат во осминафиналето.