Top Sport

Спалети: Модриќ сака да дојде во Интер, Реал не го пушта

Лука Мордиќ е една од главните теми во преодниот рок. Италијанските медиуми тврдат дека тој побарал трансфер во Интер, но Реал нема намера да го пушти, туку подготвил нов, финансиски подобар договор за него.

Според шпанските медиуми, Модриќ, наскоро ќе потпише нов четири годишен договор со Реал, вреден 40 милиони евра. Истата сума на хрватскиот репрезентативец му ја понуди ли Интер.

„Среќен сум што играч со такви квалитети покажа желба да дојде кај нас. Модриќ ја освои Лигата на шампионите, играше финале на Светското првенство. Сепак мислам дека нема да дојде кај нас. Реал нема намера да го пушти. Јаки сме и без него, но со него би биле многу посилни“, рекол тренерот на Интер Лучано Спалети.

Модриќ, синоќа, влезе во игра во финишот на натпреварот против Милан и беше пречекан со овации од фановите на „Сантијаго Бернабеу“, што е јасен знак дека тие сакаат тој да остане во Реал.

Scroll to Top