Top Sport

Севилја се закани дека ќе го бојкотира мечот со Барселона

Вечерва, во Мароко, Барселона и Севилја ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Шпанија. Сепак натпреварот е под знак прашалник, бидејќи Севилја најави дека можеби ќе го бојкотира истиот.

Севилја се заканува со бојкот доколку Барселона во записникот има повеќе од тројца фудбалери што немаат пасош на некоја земја од Европската унија.

Шпнаскиот сојуз, пред мечот, објави дека нема да има рестрикција за фудбалерите бидејќи „Суперкупот не бил професионален натпревар“.

„Ние во Севилја сме изненадени од ваквата изјава. Според изјавата можете да пријавите колку што сакате играчи што не се од ЕУ, иако во последното соопштение што се однесува на сезоната 2018/2019 јасно стои дека се дозволени само тројца играчи надвор од ЕУ“, порачале од Севилја.

Играчи што немаат ЕУ пасош во Барселона се Малком, Артуро Видал, Артур и Марлон. Кутињо пред две недели доби португалски пасош, додека Луис Суарез и Лионел Меси долги години имаат ЕУ државјанства.

Натпреварот на стадионот во градот Тангирес треба да започне во 22 часот.

Scroll to Top