Top Sport

Самуел Ето претепал камерман

Легендарниот фудбалер Самуел Ето, синоќа беше во центарот на вниманието во во Катар, поради инцидент што се случи по осминафиналето помеѓу Бразил и Јужна Кореја (4:1).

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Камерун се фотографираше со навивачите, но ситуацијата излезе од контрола за дел од секундата.

Ето најпрвин влегол во вербален конфликт со едно лице, а откако му го дал мобилниот телефон на едно од лицата од неговото опкружување, притрчал и со колено во глава удрил еден камерман.

Ето, пред почетокот на Мундијалот самоуверено изјавуваше дека Камерун ќе ја освои титулата. Камерун не успеа да ја помине групата во која беа Бразил, Швајцарија и Србија.

 

Scroll to Top