Седмиот осминафинален дуел од Светското првенство не понуди голови во регуларниот тек. Шпанија и Мароко играа премногу внимателно и не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Шпанија имаше поголем посед на топката, но Мароканците знаеја како да се одбранат.
Во завршницата, Ејмерик Лапорт имаше убава шанса, но Боно сепак го одбрани неговиот удар.
Во првото полувреме Дани Олмо упати силен шут, но голманот на Мароко беше на висина на задачата.