Најдобриот фудбалер на Франција и стрелец на пет гола во досегашниот тек од првенството, Килијан Мбапе, не се појави на денешниот тренинг на светскиот првак. Селекторот Дидие Дешамп одработи едночасовен тренинг со „триколорите“, но веднаш беше забележливо дека меѓу фудбалерите недостига Мбапе.
Напаѓачот постигна два гола и асистираше до Оливие Жиру во триумфот против Полска од 3:1 во осминафиналето на Мундијалот, а следниот предизвик за Французите ќе биде дуелот против Англија во четврт-финалето, кое е закажано за в сабота.
Kylian Mbappe est absent de ce début de séance pic.twitter.com/9WITnhx6FX
— Loïc Tanzi (@Tanziloic) December 6, 2022