Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до третата победа во Европската лига. Загуби на гостувањето кај Бидасоа Ирун со високи 32:20 во битката за третото место на табелата во групата Д.
Македонскиот вицепрвак мечот го загуби во првото полувреме, во овој дел постигна 12 гола, а прими 20. Покрај ова имаше многу технички грешки (14), па против еден противник како што е Бидасоа истите се недозволиви.
Кизиќ со осум одбрани беше единствената светла точка. Хенеберг имаше пет гола од девет обиди, Танкоски запиша четири од осум обиди.
До крајот на европската полусезона, пелистерци ќе одиграат уште еден натпревар и тоа повторно против шпанскиот тим. „Реваншот“ се игра во Битола за седум дена.