Top Sport

Френки де Јонг: Не знам како да го запреме Меси

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг, кој беше соиграч на аргентинската суперѕвезда Лионел Меси две сезони во Барселона, изјави дека не знае како може да биде запрен.

Холандија и Аргентина ќе се соочат во четвртфинален натпревар на Светското првенство во фудбал в петок, на 9 декември од 20 часот.

„Многу добро ги познавам квалитетите на Меси, но не знам како да го спречиме. Веќе 15 години ја прави разликата на фудбалските терени и нема дефинитивен начин да го запрете. Тоа е видливо и на тренинг. Мораме да го запреме со тимска игра“, одговори 25-годишниот холандски фудбалер.

Тој додаде дека не размениле телефонски пораки со Лео Меси за претстојниот натпревар и дека не планираат да го сторат тоа.

„Ќе се видиме во петок на теренот“, порача Френки де Јонг.

Scroll to Top