Фудбалерот на Арсенал и бразилски репрезентативец Габриел Жесус го оперираше коленото, соопшти клубот д Лондон.
Жесус се повреди пред пет дена на натпреварот од последното, трето коло од групата Г на Светското првенство во Катар против Камерун (0:1).
„Габи сега ќе започне со рехабилитација. Сите во клубот го поддржуваат и заедно ќе работиме напорно за да го вратиме на теренот што е можно поскоро“, објави Арсенал, но не прецизираше колкава пауза го очекува Бразилецот.
Жесус (25) во летниот преоден рок пристигна во Арсенал од Манчестер сити. За лондонскиот клуб одигра 20 натпревари и постигна пет гола.
Бразил, во петок, во четвртфиналето на СП ќе игра против Хрватска.