Големата награда на Холандија во Зандворт ќе биде во календарот на Формула 1 уште најмалку три години, односно до 2025 година. Ова е епилогот од договорот меѓу челниците на Формула 1 и организаторите на трката.
Големата награда на Холандија во Зандворт се врати во календарот во 2021 година. Секоја година бележи исклучителна посетеност, најмногу поради актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Трката за Големата награда на Холандија брзо стана една од омилените на навивачите. Таму имаме голема енергија, а распродадениот настан во последните две сезони покажува дека се функционира беспрекорно“, изјави Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1.
Трката следната сезона во Зандворт ќе се вози од 25. до 27. август и ќе биде прва по летната пауза.