Top Sport

Оливер ќе им суди на Хрватска и Бразил – Хрватите секогаш играат нерешено кога им суди Англичанец

Во петок се играат првите два четвртфинални натпревари на 22. Светско првенство. ФИФА ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на овие натпревари.

Во првото четвртфинале, на „Едукејшн“ стадионот, од 16 часот ќе играат Хрватска и Бразил. Правдата ќе ја делат суди од Англија.

Судиската тројка ќе ја предводи Мајкл Оливер, негови помошници ќе бидат Стјуарт Бурт и Гери Бесвик, а четврти судија ќе биде Мустафа Горбал. Во ВАР собата ќе бидат Пол ван Бокел, Масимилијано Ирати, Кетрин Несбит и Хуан Сото.

Мајкл Оливер ќе биде петтиот судија од Англија што ќе и суди на Хрватска на големите натпреварувања.

Ентони Тејлор им судеше на Хрватите против Белгија тој меч заврши без голови. Марк Клатенбург и судеше на Хрватска на ЕУРО 2016 против Чешка, натпреварот заврши 2:2.

Хауард Веб беше главен судија на натпреварот помеѓу Хрватска и Италија на ЕУРО 2012. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Греам Пол го водеше натпреварот на Хрватска на Светското првенство во 2006 година против Австралија, интересно и овој натпревар заврши без победник 2:2.

Во второто четврт-финале со почеток од 20 часот на стадионот „Лусаил “за пласман во полуфиналето ќе се борат Холандија и Аргентина.

Судиската тројка ќе биде од Шпанија, а ќе ги води Антонио Матеу Лахоз со помошниците Пау Себриано и Роберто Диас. Четврти судија ќе биде Виктор Гомеш. Во ВАР собата ќе бидат Алехандро Ернандез, Дру Фишер, Алесандро Гиљатини и Хулио Башуан.

Scroll to Top