Ливерпул како да сакаше на првиот меч од новата сезона од Премиер лигата да докаже дека се еден од најсериозните конкуренти за титулата на Манчестер сити, победувајќи го засилениот тим на Вест хем со 3:0.
Мохамед Салах продолжи каде што застана минатата сезона, откако во 19. минута по доброто додавање само ја уфрли топката во голот на Фабијански. Ливерпул одигра офанзивно прво полувреме во кое „чеканите“ не успеаја да ја контролираат топката, а Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане редеа шанса до шанса. Токму Мане на истекот на полувремето, искористи една неуспешна офсајд-стапица на Вест хем да зголеми на 2:0.
Исходот на мечот дефинитивно беше решен во 52. минута, кога од офсајд позиција, која судијата не ја санкционираше, Мане постигна убав втор гол. Даниел Стариџ во 88. минута само ја потврди „катастрофата“ на „чеканите“.
За Ливерпул дебитираше Алисон Бекер на голот, кој немаше многу работа, Наби Кеита, како и Џердан Шаќири кој го замени Сане во финишот на натпреварот.
Од друга страна, Вест хем, со новиот тренер Маурисио Пелегрини ќе се надева на првата победа против некој послаб противник.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 1.КОЛО
Ливерпул – Вест хем 4:0
Саутемптон – Барнли 0:0