Нико Розберг, светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, смета дека Ферари нема визија како може да ја освои титулата.
Последен шампион од Ферари беше Кими Раиконен во далечната 2007 година. Ферари минатата недела се раздели со првиот човек на тимот, Матија Биното.
„Не сум сигурен дека во Ферари знаат што да прават. Мислам дека им треба некој на директорско место на подолг период за да постигнат резултат. Видете ги Хорнер во Ред Бул и Волф во Мерцедес. Тоа е вистинскиот начин на работа“, вели Розберг.
Германецот, кој ја освои титулата со Мерцедес, истакнува дека доколку би се вратил во Формула 1 би сакал да бира меѓу два тима.
„Доколку би сакал да се борам за титулата, тоа дефинитивно би бил Ред Бул. Логичен избор. Од друга страна, Ферари е најпознатото име. Црвена боја, историја. Меѓутоа тоа би го направл за ќеф, бидејќи знам дека во овој момент не би можел да бидам претендент за тронот со нивниот болид“, изјави Розберг.