Top Sport

Ван дер Варт: Холандија со 3:0 ќе ја победи Аргентина

Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт смета дека неговите сонародници лесно ќе се справат со Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

„Ќе биде лесна победа, ќе биде 3:0“, изјави Ван дер Варт.

Поранешниот играч на Ајакс, Реал, ХСВ и Тотенхем смета дека Лионел Меси не е незапирлив.

„Сè уште е еден од најдобрите, но другите не се ни блиску. Кога играв во Реал Мадрид, Серхио Рамос не се одвојуваше од Меси, дури го следеше до тоалетот, но сега нема потреба од такво маркирање“, рече Ван дер Варт.

Холандија и Аргентина ќе играат вечерва од 20 часот, на „Лусаил Ајконик“ стадионот во Лусаил.

Scroll to Top