Актуелните светски шампиони, репрезентативците на Франција е пласираа во полуфиналето на Светското првенство. Во драматичен натпревар, Французите ја победија Англија со 2:1 (1:0).
Оливие Жиру, стрелецот на вториот гол и асистентот за двата гола на Франција, Антоан Гризман се хероите на триколорите. Трагичар е капитенот на Англија, Хари Кејн кој промаши пенал во 84.минута.
Англичаните успеаја да го запрат Килијан Мбапе, имаа повеќе зрели шанси, но не успеаја да се палсираат во полуфиналето.
Французите од стартот имаа јасен план во играта, кој успеаја да го спроведат.
Чуамени постигна спектакуларен гол во 17.минута. Играчот на Реал доби топка од Гризман и од 25 метри ја погоди „малата мрежа“.
Чуамени во 54.минута го фаулираше Сака, судијата Сампајо покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Кејн.
Франција за нијанса го подигна нивото на играта, што резултираше со голот на Жиру. Во 78.минута, совршен центаршут испрати Гризман, а Жиру го постигна четвртиот гол на овој Мундијал.
До карјот Англија притискаше, но Франција успеа да се одбрани.
Франција, во среда, против Мароко ќе се бори за пласман во финалето на СП.