Top Sport

И Бруно Фернандеш смета дека имало „заговор“ за Аргентина да го освои СП

Откако ветеранот Пепе им порача на ФИФА веднаш да им ја дадат титулата од СП на Аргентина, бидејќи аргентинскиот судија Фернандо Телјо ги „оштети“ против Мароко, и ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш во луто интервју влезе во приказната за „заговор“ против Португалија на Мундијалот.

По 1:0 поразот од Мароко, Фернандеш сметаше дека е неверојатно што добиле аргентински судиски тим предводен од Телјо и дека тоа имало големо влијание на исходот на мечот. Тој прво го избрка претставникот на португалската федерација кој се обидуваше да го смири, по што влезе во напад.

„Не ме допирај, ќе го кажам тоа што имам да го кажам. Е.и ги! Морам да кажам дека е многу чудно што имавме судија од земја која уште е во натпреварувањето и што немаме португалски судија на Светското првенство. Нашите судии работат во Лигата на шампионите, така што имаат квалитет и ниво да бидат и тука. Овие судии не работат во ЛШ, не се научени на ваков тип на мечеви. Јасно е дека беа пристрасни. При првиот гол имаше чист пенал на мене, без сомнеж, тоа беше јасно“, вели Фернандеш.

Тој не прв кој ги критикуваше судиите на Мундијалот – по дуелот Аргентина-Холандија во петокот, и Лионел Меси и Френки де Јонг беа лути на судијата Лахоз од Шпанија, а ниту Англичаните не беа пресреќни за судијата на мечот против Франција.

Scroll to Top