Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто стана МВП на НБА-лигата, доминирајќи во втората последователна победа на Денвер нагетс над Јута џез, овојпат со 115:110.
Јокиќ стана само шестиот кошаркар во историјата кој стигна до 80. трипл-дабл мечеви во кариерата, запишувајќи 31 поен, 12 скока и 14 асистенции, а имаше и 4 блока и една украдена топка. Иако имаше само 11-од-20 во обидите од поле, тој беше клучен играч во финишот на мечот, кога ја обезбеди победата за својот тим.
При 110:110 во послеедната четвртина, тој му асистираше на Брус Браун за водство, за на девет секунди пре крајот да искористи едно слободно фрлање и да ја стави печат на победата. Мареј заврши со 30 поени и 4 скока, додека Арон Гордон и Кентавиус Колдвел-Поуп имаа по 15 за Денвер, а за Јута најдобар беше Никејл Александер-Воксер со 27 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Бруклин 133:136
Вашингтон – ЛА клиперс 107:114
Чикаго – Далас 144:115
Кливленд – Оклахома Сити 110:102
Голден Стејт – Бруклин 123:107
Денвер – Јута 115:110
Портланд – Минесота 124:118
Congrats to Nikola Jokic of the @nuggets on recording his 80th career triple-double!
He becomes just the 6th player in NBA History with 80 or more career triple-doubles. pic.twitter.com/4M97aiDDey
— NBA (@NBA) December 11, 2022