Фудбалерот на Јувентус и на француската репрезентација, Адриен Рабио тврди дека неговата репрезентација во ниту еден момент не ја загубила контролата при 2:1 победата над Англија во четврт-финалето на Светското првенство, оценувајќи дека чувството во тимот е дека ништо не може да ги уништи.
„Дури и кога сме под притисок или некој проблем, чувствуваме дека ништо не може да не уништи, и тоа е многу важно за целиот тим. Победата против Англија беше прекрасна и дојде во тежок меч. Го оставивме срцето на теренот и сега сакаме да одиме во финале! Но, мораме да останеме концентрирани на Мароко“, вели Рабио, кој е еден од најдобрите во тимот на Дидие Дешам во Катар.
Тој исто така сметаше дека промашувањето на Хери Кејн на вториот пенал значело „фудбалска правдина“.
„Прво, не сум сигурен дека тоа беше фаул. Видовме стотина такви стартови кои не се казнуваат со пенал. Судењето беше на работ на дозволеното, но нема да зборувам за тоа. Секако, кога промаши, тоа беше вистинска правда, бидејќи немаше пенал“, додава Рабио.
Rabiot après le match :
"On a l'impression que même lorsqu'on est en difficulté, rien ne peut nous arriver et ça, c'est très important !" pic.twitter.com/9RPblCbqdy
— TF1 (@TF1) December 10, 2022