Светската кошаркарска федерација (ФИБА), пет месеци пред ждрепката за Светското првенство донесе чудна одлука. ФИБА им дозволи на домаќините на Мундобаскетот (Јапонија, Индонезија, Филипни) да си одберат по една репрезентација со која ќе играат во групната фаза.
Одлуката на ФИБА е несериозна, бидејќи квалификацискиот циклус се уште не е завршен, а веќе е познато каде ќе играат селекциите на САД, Канада и Словенија.
Лука Дончиќ ќе ја предводи Словенија во Јапонија, Канаѓаните ќе играат во Индонезија, додека Американците кои се уште официјално не се пласирале на Мундијалот ќе играат на Филипините.
Секој од домаќините од комерцијални причини добил можност да избере тим по своја желба. ФИБА тврди дека ова нема да влијае на интегритетот на ждрепката.
На Светското првенство ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи од кои најдобрите две ќе се пласираат во втората групна фаза.
Ждрепката е закажана за 29. април во Манила, а Мундобаскетот ќе започне на 25. август следната година.