Top Sport

Трансфермаркт: Аргентина вреди 300 милиони евра повеќе од Хрватска

Утре на Светското првенство ќе биде познат првиот финалист. Од 20 часот, во полуфиналето ќе се сретнат Аргетнина и Хрватска.

Двете репрезентации, по изведувањето на пенали, изборија место во полуфналето. Аргентинците ја поразија Холандија, а Хрватска го елиминираше Бразил.

Претходно Аргентина го освои првото место во Ц-групата и покрај тоа што загуби во првото коло од Саудиска Арабија, а во осминафиналето „гаучосите“ беа подобри од Австралија.

Хрватска, заврши на второто место во Ф-групата, а во осминафиналето по изведувањето на пенали ја победи Јапонија.

Полуфиналето ќе биде дуел на капитените Меси и Модриќ, голманите Ливаковиќ и Мартинез.

Покрај фудбалските споредби, секогаш се интересни и финансиските споредби на двете репрезентации. Фудбалската репрезентација на Аргентина е проценета на 645 милиони евра, речиси 300 милиони повеќе од актуелниот национален тим на Хрватска, покажуваат податоците на порталот „Трансфермаркт“.

Најскап играч во соблекувалната на Аргентина е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој е проценет на 75 милиони евра. Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро вреди 55 милиони, а Лионел Меси и дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лисандро Мартинез по 50 милиони евра.

Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа вреди 40 милиони евра, а неговиот клупски соиграч, Родриго де Пол 35 милиони евра. Интересно Кореа, во последен момент се најде на спискот на Лионел Скалони, откако Хоакин Кореа отпадна поради повреда, а досега на Мундијалот нема одиграно ниту една минута.

Хрватската фудбалска репрезентација вреди 377 милиони евра.

Најскап играче дефанзивецот Јошко Гвардиол кој сега вреди 60 милиони евра.

Следуваат Матео Ковачиќ (40), Марсело Брозовиќ (35), Марио Пашалиќ (25), Ловро Мајер (22), Никола Влашиќ (20), Борна Соса (20), Лука Сучиќ (20)…

Scroll to Top