Легендата на бразилскиот и на светскиот фудбал, Пеле, се чувствува подобро откако се наоѓа во болница на лекување на респираторна инфекција отежната од коронавирусот, соопштија лекарите од клиничкиот центар „Алберт Ајнштајн“.
Пеле е во болница од 29 ноември, а лекарите рекоа дека се уште не знаат кога ќе биде отпуштен.
„Пеле е свесен и има стабилни витални знаци“, се вели во официјалното соопштение.
Тој исто така се бори со канцер и оди на хемотерапија.
Пеле во својата играчка кариера трипати ја освојуваше титулата светски шампион.