Top Sport

Модриќ дебитирал против „гаучосите“, Меси првиот гол за Аргентина го постигнал против Хрватска

Лука Модриќ и Лионел Меси десетките на Хрватска и Аргентина, вечерва ќе ги предводат своите селекции во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Пред натпреварот на социјалните мрежи кружат резимеа од првиот меч меѓу Лука Модриќ и Лионел Меси. Тоа беше пријателски натпревар во Базел, Швајцарија на „Сент Јакобс парк“. Дуелот се одигра на 1. март 2006 година, заврши со победа на Хрватска 3:2.

Модриќ на тој натпревар, како 20.годишник, дебитираше за Хрватска, а Меси го постигна својот прв гол во дресот на националниот тим. Интересно на клупата за резерви кај Аргентина седеше актуелниот селектор Лионел Скалони, а на теренот беше неговиот сегашен помошник Валтер Самуел.

Хрватска – Аргентина 3:2 (Класниќ 3′, Срна 52′, Шимиќ 90+2’/ Тевез 4′, Меси 6′)

Хрватска: Плетикоса, Шимиќ, Томаш, Тудор, Модриќ, Ковач, Срна, Бабиќ, Крањчар, Пршо, Класниќ; Клупа: Дидулица, Токиќ, Буљат, Јерко Леко, Иван Леко, Олиќ, Петриќ, Балабан.

Аргентина: Абонданциери, Колочини, Бурдисо, Самуел, Понцио, Демикелис, Камбијасо, Рикелме, Меси, Креспо, Тевез; Клупа: Лео Франко, Диего Милито, Габриел Милито, Сорин, Скалони, Гонзалес, Аимар, Родригез.

Scroll to Top