Првиот пик од драфтот во 2021 година, Кејд Канингем, ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА поради операција, објави „Ројтерс“.
Бекот на Детроит Пистонс ќе биде подложен на операција поради фрактура на тибијата на левата нога. Поради повредата Канингем нема играно од 9. ноември, а по низа консултации со специјалисти стана јасно дека операцијата е неизбежна. Овој 21-годишен кошаркар треба да биде подготвен за стартот на следната сезона.
Втората сезона на Канингем во НБА траеше само 12 натпревари, со просек од 19,9 поени, 6,2 скока и 6 асистенции.
Како руки минатата сезона, тој го освои третото место на изборот за „дебитант на годината“ зад Скот Барнс (Торонто) и Еван Мобли (Кливленд). Имаше учинок од 17,8 поени, 5,6 скока и 5,6 асистенции.