Top Sport

Сејдл во Заубер, Стела во Мекларен

Продолжувата трансферите на челните позиции во формула 1 тимовите. Покрај Ферари, кој објави нов шеф на тимот е Фред Васер, истото го направија Заубер и Мекларен.

Андреас Сејдл го напушти Мекларен и е назначен за нов извршен директор на Групацијата Заубер.
Инженерот од Германија нема да биде на чело на тимот, туку најмногу ќе работи на развојот на болидот во наредниот период.

Целта на Заубер преку кого Ауди ќе влезе во Формула 1 од 2026 година е Сејдл да создаде добра организација, за во иднина да постигне најдобри можни резултати на патеката.

Во меѓувреме, Мекларен го назначи Андреа Стела на позицијата која претходно ја имаше Сејдл.

Scroll to Top