Поранешниот португалски репрезентативец, Маниче, смета дека Жозе Мурињо е вистинскиот човек да ја предводи португалската репрезнтација по неславната елиминација од Мароко во четврт-финалето на СП и шпекулациите за тензии меѓу Кристијано Роналдо и селекторот Фернандо Сантош.
Португалските медиуми се сигурни дека Сантош ќе добие отказ од федерацијата, и најавуваат дека веќе контактирале со Мурињо со идеја тој да остане тренер на Рома и паралелно да ја води репрезентацијата. Маниче, кој играше во Порто под 59-годишниот Мурињо, вели дека тоа е совршено решение.
„Жозе Мурињо е тренер кој има смисла за таа позиција, поради тоа што го оствари во кариерата. Тој е искусен тренер кој е подготвен за сите потешкотии, добро го познава португалскиот, но и странскиот фудбал и знае да работи со млади фудбалери“, вели Маниче.