Легендарниот тренер на Њу Ингланд патриотс, Бил Беличик останува горд на своето хрватско потекло и најави дека ќе навива за Хрватска во денешното полуфинале на СП. Освојувачот на шест Супербол титули, на понеделничкиот меч против Аризона кардиналс, на својата рака го имаше хрватското знаме.
„Горд сум на моето хрватско потекло. Не сум државјанин на Хрватска, но ќе навивам за нив, бидејќи потеклото ми е такво“, изјави Беличик.
Неговиот дедо (од страната на неговиот татко), Иван Беличиќ во 1897 година пристигнал во САД од близината на Карловац. Неговата баба, Марија Барковиќ исто така пристигнала во САД во 1898 и двајцаата живееле во Монесен, Пенсилванија, каде што е роден таткото на Беличик, Стивен Николас Беличик.