Аргентина стигна до водство од 2:0 против Хрватска во првото полуфинале од Светското првенство, откако за само четири минути двапати успеаја да ја сместат топката во мрежата на Доминик Ливаковиќ.
Во 34. минута, Лионел Меси беше безмилосен од белата точка, и овојпат фантастичниот хрватски голман, Ливаковиќ немаше никаква шанса. По еден „пад“ на одбраната на Хрватите, Ливаковиќ го фаулираше Алварез, по што судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка и покрај протестите на хрватските фудбалери. Ова е 11. гол на Меси на СП, со што го поминува Габриел Омар Батистута како најдобар стрелец во историјата на аргентинската репрезентација.
Само четири минути подоцна, Алварез, со малку среќа успеа да направи одличен соло-продор и да го удвои водството на Аргентина и да го наруши планот на игра на Хрватите.
ARGENTINA 🇦🇷 1-0 🇭🇷 CROATIA
⚽ 34' Leo Messi 🇦🇷#FIFAWorldCuppic.twitter.com/mC9M6XzuON— All goals replay (@goalsreplayg) December 13, 2022
ARGENTINA 🇦🇷 2-0 🇭🇷 CROATIA
⚽ 39' Julián Álvarez 🇦🇷#FIFAWorldCuppic.twitter.com/BrjZ8iSTVX— All goals replay (@goalsreplayg) December 13, 2022