Top Sport

Меси го израмни рекордот на Матеус – 25 меча на Светските првенства

Лионел Меси се израмни со германската фудбалска легенда, Лотар Матеус, со 25 настапи на Светските првенства, запишувајќи уште еден рекорд во својата богата колекција во полуфиналето во Катар против Хрватска.

За да го сруши рекордот, на Меси ќе му биде потребна победа над Хрватска и пласман во големото финале, каде што ќе ги чека подобриот од дуелот помеѓу Франција и Мароко.

Меси исто така е единствениот фудбалер кој запишал асистенција на пет Светски првенства, додека неговиот вечен ривал, Кристијано Роналдо е единствениот фудбалер кој бил стрелец на пет Мундијали.

Scroll to Top