Полицијата во Франција се подготвува за реакција по вечерашното полуфинале на Светското првенство меѓу Франција и Мароко, а по судирите и големиот број инциденти во земјата по четвртфиналната победа на Мароко над Португалија со 1:0 минатата недела.
Околу 10.000 униформирани полицајци ќе бидат мобилизирани низ целата земја, со 5.000 распоредени во регионот „Ил де Франс“ околу Париз и околу 2.200 во самиот главен град, двојно повеќе од бројот на полицајци што го обезбедуваа регионот за претходните натпревари на Светското првенство.
Министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен, даде изјава за телевизијата „Франс 2“.
„Нашите марокански пријатели, како и француските навивачи, се добредојдени да организираат забава и не е наша работа да ги спречиме да слават. Сепак, тоа ќе мора да се направи максимално добро и со безбедносни услови“, истакна Дарманен.
Судири избија во Париз вечерта на 10 декември, откако Мароко победи против Португалија, а славењето на победата набрзо се претвори во насилство на улиците.
Хулиганите ги кршеле излозите на продавниците, принудувајќи ја полицијата да употреби солзавец.
Мароко е поранешна француска колонија во Африка и земјата е дом на голема мароканска дијаспора, главно концентрирана околу Париз и брегот на Медитеранот. Иако нема податоци за етничката припадност во Франција, бројот на Франко-Мароканци и Мароканци кои живеат во земјата се проценува на околу еден милион.
Morocco fans celebrate across the world 🇲🇦 pic.twitter.com/KFt5YXRtIN
— GOAL (@goal) December 7, 2022