Иако со користењето на ВАР системот и новиот „полуавтоматски“ систем за офсајд, ФИФА и одговорниот за судиите, легендарниот Џанлуиџи Колина ветуваа Светско првенство без многу судиски контроверзи, тоа очигледно не се случи, со многу забелешки за наводно „пристрасното“ судење и фаворизирањето на одредени репрезентации.
Вакви забелешки имаа Португалците, Холанѓаните, Аргентинците, и вчера Хрватите. Денеска, редот е на Мароканците.
Дел од фудбалските фанови не можат да поверуваат дека Софијан Буфал во 26. минута од полуфиналето против Франција, наместо да добие пенал по очигледниот контакт со Тео Ернандез, доби жолт картон од мексиканскиот судија Цезар Рамос.
How come this is not a penalty to Morocco? Instead yellow card to Boufal #penalty #MoroccoVsFrance #Morocco #francemaroc #France pic.twitter.com/VWC9txDWMi
— Salman Ahmed (@Salman3920) December 14, 2022