Бранителот на титулата Франција и Аргентина, финалистот од 2014 година, в недела ќе се сретнат во финалето на Светското првенство во Катар. Францускиот репрезентативец Антоан Гризман ги пофали Аргентинците и изјави дека Лионел Меси е најдобриот светски фудбалер.
Сепак, неговиот сонародник Аурелиен Чуамени, играчот од средниот ред на Реал, не се согласува со Гризман.
„Гризман рече дека Меси е најдобриот фудбалер во светот? За мене тоа е Килијан Мбапе. И сакам тоа да им го докаже на сите во следниот натпревар, токму против Меси“, изјави Чуамени.
Меси и Мбапе го делат првото место во листата на најдобри стрелци во пресрет на последниот натпревар од првенството. Во првите шест натпревари од натпреварувањето постигнаа по пет гола.