Пензионираниот италијански фудбалер и легенда на Рома, Франческо Тоти, изјави дека крајот на неговата кариера е сличен на она низ кое поминува Кристијано Роналдо.
„Знам ко се чувствува. Знам како е кога да те турнат на страна во моментот кога си на врвот“, изјави 46.годишниот Тоти за „Твич“ каналот Бе.Пи ТВ.
Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед откако ги критикуваше клубот, тренерот Ерик Тен Хаг и неговите соиграчи, што значи дека сега е слободен играч на 37-годишна возраст.
„Кога ги гледам последните неколку месеци на Роналдо, се чувствувам како да го преживувам сопственото искуство“, додаде тој.
„Мислам дека треба да покажеме малку почит“, смета Тоти, кој целата своја кариера ја помина во Рома и се пензионираше во 2017 година. За италијанската репрезентација одигра 58 натпревари и постигна девет гола, а во 2006 година ја освои титулата светски шампион.