Top Sport

Дебакл на Милвоки во Мемфис, рекордна ноќ на Тајлер Хиро

Мемфис Гризлис ги декласираа Милвоки Бакс и благодарение на поразот пто го забележаа кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс, ја рпезедо лидерската позиција во Западната конференција.

Тежок пораз доживеаја Милвоки Бакс во Мемфис. Гризлис ги победија со 142:101. Се беше готово по првото полувреме кое Мемфис го доби со 70:41.

Џа Морент забележа трипл дабл за само 26 минути (25 поени, по 10 скока и асистенции), а го следеа Брукс со 18 и Џонс со 16 поени. Во редовите на Бакс Јанис Адетокумбо и Боби Портис забележаа по 19 поени.

Јута Џез го скрши отпорот на Њу Орлеанс Пеликанс со 132:129 во продолжението, а блескаа Џордан Кларксон со 39 поени (седум тројки) и Финецот Лаури Марканен со 31 поен. Зион Вилијамсон беше најдобар во тимот од Луизијана со 31, додека Си-Џеј МекКолум постигна 28 поени.

Феникс Санс лесно ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 111:95 и ставија крај на серијата од пет порази. Микел Бриџис средбата ја одбележа со 27 поени. За Клиперси не играа Пол Џорџ и Кави Ленард.

Индивидуално ноќта во НБА лигата ја обележа бекот на Мајами Хит, Тајлер Хиро. Во победата 111:108 над Хјустон, Хиро уфрли 10 тројки. Натпреварот го заврши со личен рекорд од 41 поен.

Scroll to Top