Top Sport

Гвардиол и Оршиќ обезбедија предност за Хрватска на полувреме

Хрватска има водство од 2:1 по првото полувреме од мечот за третото место на Светското првенство. Мароканците ќе имаат шанса за ново израмнување во вториот дел од натпреварот.

Јошко Гвардиол во седмата минута успеа да ја затресе мрежата на Боно со удар со глава, а само две минути подоцна израмни Дари, исто така со удар со глава.

Пред крајот на првиот дел, Мислав Оршиќ со прекрасен шут успеа да го погоди спротивниот агол од голот на Мароко во 42.минута и донесе предност за Хрватите на полувреме.

Scroll to Top