Ко-сопственикот на Манчестер јунајтед, Аврам Глејзер преговарал со инвеститори од Саудиска Арабија и Катар за преземање на клубот, со цена од 6 до 7 милијарди фунти, тврди британскиот „Атлетик“.
Американското семејство Глејзери по 17 години решија да го стават клубот на „пазарот“, и ја ангажираа компанијата „Рејн груп“ како ексклузивен финансиски советник. Според „Атлетик“, Аврам Глејзер при посетата на Светското првенство во Доха, направил повеќе средби со сериозни инвеститори кои би биле подготвени да го купат клубот.
„Не се работи дека ова е нужно продажба, туку е процес за зголемување на вредноста на клубот. Одиме напредд со процесот“, изјави неодамна кратко Аврам Глејзер.
Неодамна, министерот за спорт на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал изјави дека неговата земја е заинтересирани за купување, не само на Јунајтед, туки и на Ливерпул, чии американски газди „ФСГ“ исто така објавија намера да го продадат клубот.
Manchester United owner Avram Glazer has held talks with potential investors during his trip to Doha, including from Saudi Arabia and Qatar.
Glazer, who is in Qatar for the World Cup, told The Athletic the sale process was “going forwards”.
More from @David_Ornstein…
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) December 18, 2022