Top Sport

Тијаго Меси со писмо до неговиот татко, Англичаните навредени

Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо, преку социјалните мрежи го објави писмото кое нејзиниот син Тијаго го напиша за својот татко пред големото финале на СП во Катар, и најнавредени се покажаа Англичаните, бидејќи во него се објавува песната во која се споменува војната од 1982 помеѓу Аргентина и Велика Британијa.

„Бев роден во Аргентина, земјата на Диего и Лионел. Од децата од Малвините кои никогаш нема да ги заборавам. Не можам да ти објаснам бидејќи нема да разбереш. Финалињата кои ги загубивме, колку години плачевме, но тоа заврши на ‘Маракана’, во финалето против ‘бразуките’. Тато повторно победи. Сега сме возбудени, сакаме трета титула, сакаме да бидеме светски шампиони, да можеме да го видиме Диего од небото“, пишува во писмото.

Ова е песна која стана најпопуларна во Аргентина откако се појави видео од прославата во соблекувалната на Аргентина, со песна во која се омаловажуваат Бразилците и Англичаните. Во текстот се вели „Ingleses putos de Malvinas no me olvido“, или во превод „Е.аните Англичани на Малвинас (Фолкландските острови), нема да заборавиме“.

Велика Британија и Аргентина беа вклучени во кратка војна во 1982 година, кога Аргентинците имаа неуспешен обид за инвазија на островите во јужниот Атлантик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Scroll to Top